Hajer M'tırı
06 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
ПАРИЗ (АА) - Франција е подготвена да изврши воени напади врз целите на сирискиот режим, доколку се употреби хемиско оружје при офанзивата за заземање на северната сириска покраина Идлиб, истакна денес француски висок официјален претставник, јавува Anadolu Agency (AA).
Лоциран во близина на турската граница, Идлиб е дом на над 3 милиони Сиријци, каде што многумина избегаа од другите градови, по нападите на силите на режимот.
Сирискиот режим неодамна ги објави плановите за започнување на голема воена офанзива во подрачјето на Идлиб, кое е под контрола на разни вооружени опозициски групи.
Во вторникот, заменикот-генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања, Марк Ловкок, предупреди дека таквата офанзива ќе доведе до „најголемата хуманитарна катастрофа во 21 век“.
Според францускиот весник „Ле Фигаро“ (Le Figarо), началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, Франсоа Леконтер, за новинарите изјави дека очекува присуството на ДЕАШ во Ирак и Сирија во потполност да биде отстрането до крајот на ноември.
Терористичката организација, против која се бори меѓународната коалиција предводена од САД, веќе беше протерана од повеќето територии што ги освои уште во 2014 година во Ирак и Сирија.