Bekim Laci
04 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
СКОПЈЕ (AA) - Заменик помошникот на државниот американски секретар за европски и евроазиски прашања Хот Брајан Ји, по средбите со државниот врв и лидерите на политичките партии, пред медиумите ги претстави своите заклучоци од средбите, јавува Anadolu Agency.
Ји рече дека од неговата последна посета од месец април од минатата година кога политичката криза беше во своите почетоци, направени се многу нешта, меѓу кои и политичкиот договор познат како Договорот од Пржино, чие имплементирање беше една од клучните теми на средбите со политичките актери во земјава, особено за изборите закажани за 5 јуни оваа година.
Ји рече дека амбасадата на САД, ЕУ и другите партнери на Македонија вршат напори да ја поддржат владата, политичките партии и инстутициите за изборите да бидат слободни и демократски.
“Со особено внимание се следи процесот на прочистување на избирачкиот список и ние сме задоволни што се прави вкрстување на податоците, а ги следиме и реформите во медиумите и нивната улога за да се гарантира рамноправен натпревар во текот на предизборниот период ", рече Ји.
Тој меѓу другото кажа и дека нивното внимание насочено и кон избирачите кои според него треба да бидат ослободени од притисоци а се набљудува и одделувањето на партијата од државата.
Во врска со условите кои произлегуваат од политичкиот договор од Пржино, Ји рече дека со големо внимание се следи и работата на Специјалното јавно обвинителство, а меѓу другото, упати повик до политичаите и државните институции да соработуваат со обвинителството за да може работата на ова обвинителство да биде независна.
" По сите остварени средби сме го подвлекувале значењето на поддржување на обвинтелството и влдеење на правото дека сите одговорни лица за кризата треба да сносат одговорност за нивните постапки во согласност со законот", рече тој.
Американскиот дипломат Ји на крајот на прес-конференцијата рече дека Македонија има доволно време да одржи избори на пети јуни ако лидерите на политичките партии, медиумите и владините функционери работат со цел да ги исполнат обврските како што се прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите и обезбедувањето на мирен амбиент.