Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
07 Април 2017•Ажурирано: 08 Април 2017
ИДЛИБ (АА) - Најмалку десет цивили загинаа во нов воздушен напад извршен на подрачјето на Хис, во сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен на подрачјето кое е под контрола на сириската опозиција. Еден од официјалните претставници на цивилната заштита, Мухамед Зикра, за АА изјави дека се претпоставува оти нападот го извршиле руски воени авиони.
Бомбардирана е населба, а во нападот загинаа десет цивили и ранети се голем број лица. Зикра истакна дека меѓу ранетите има и цивили кои по нападот со хемиско оружје во вторникот преминаа од Хан Шајкун во Хис.
Според неговите зборови, во тек се акциите за барање и спасување на заробените под урнатините.