Handan Kazancı
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
НАГОЈА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека 2019 година ќе биде одбележана како година на турската култура во Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу го истакна ова за време на посетата на Турско-јапонската асоцијација за култура и трговија во јапонскиот град Нагова, каде што се сретна со турските граѓани кои живеат во земјата.
Чавушоглу изјави дека турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Ерсој, исто така ќе ја посети Јапонија во рамките на активностите на одбележувањето на турската култура во Јапонија.
- Турција и Јапонија ќе ги зајакнат своите односи -
Турскиот министер за надворешни работи изјави дека Турција сака да ги зајакне односите со Јапонија.
„Нашата цел е заемно да ги зголемиме трговијата и инвестирањето, како да ги отстраниме бариерите за каква било идна инвестиција“, изјави Чавушоглу.
„Во моментот правиме напори за тоа како да ги подобриме нашите односи“, изјави Чавушоглу. „Актуализирањето на инвестирањата во Турција и нашата блиска соработка за регионалните прашања ги зајакнува уште повеќе нашите односи со Јапонија во сите области“, додаде тој.
За време на својата посета, Чавушоглу изјави дека ќе се состане со јапонскиот премиер Шинзо Абе, како и со другите министри и медиумски претставници.
Претходно Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ние сме во Јапонија на покана на мојот јапонски колега Таро Коно, за да дискутираме за монументумот постигнат во соработката #Турција-#Јапонија, и за да размениме ставови во врска со регионални и меѓународни прашања.“
„Ја започнавме нашата посета во Јапонија со состанок со нашите ценети граѓани во Нагоја, кои претставуваат важна врска меѓу Турција и Јапонија кои се илјадници километри далеку од дома“, додаде тој.
- Борбата против ФЕТО и ПКК -
Во врска со активностите на терористичката организација ФЕТО, Чавушоглу изјави: „ФЕТО е исто така закана за земјите во кои моментално е присутна.“
„ФЕТО ги продолжува своите активности во Јапонија“, додаде тој.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а ранети беа речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.
Турскиот министер за надворешни работи, исто така додаде: „Знаеме дека поддржувачите на ПКК се исто така активни во Јапонија. Ќе го дискутираме тоа прашање со јапонските власти.“
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.