Hasan Esen
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
БРИСЕЛ (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во среда изјави дкеа во текот на средбата со функционерите на Европската унија (ЕУ) разговарал за спроведувањето на безвизниот режим и договорот за бегалци помеѓу Турција и ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе им го проследиме она на што работевме во последно време. После тоа уште еднаш ќе се состанеме за да дојдеме до одреден резултат. Исто така, рековме јасно на кој начин треба да ги продолжиме односите со ЕУ, но изнесовме одредени непријатности кои ги чувствуваме", рече Чавушоглу за новинарите по состанокот со Франс Тимерманс, првиот потпретседател на Европската комисија и Димитрис Аврамопулос, европски комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство.
„Денеска отворено го изнесовме ставот на Турција, но говоревме и за чекорите кои е потребно да се преземат против новите предизвици кои стојат пред НАТО како и ставот на Турција во поглед борбата против тероризмот. Го нагласивме дека придонесот кој го даваме во врска со ова прашање", рече Чавушоглу.
Истакна дека функционерите на ЕУ со кои имаше прилика да се состане отворено го нагласија значењето на Турција во поглед на спроведувањето на Договорот за бегалци.
„Денеска со Тимерманс и Аврамопулос разговарав за Договорот за бегалци како и за безвизниот режим. Турција во однос на тие прашања ги извршува преземените обврски", рече Чавушоглу напоменувајќи дека ЕУ не ги извршила своите финансиски обврски во врска со овој Договор.
„Го нагласија значењето на Турција. Ние не го занемаривме значењето на ЕУ. Секогаш со здрав разум објаснувавме зошто Турција чувствува потреба за ЕУ. Тие го занемарија значењето на Турција поради неколку причини како што се внатрешната политика, популизмот, ксенофобијата и исламофобијата во земјите членки на ЕУ. Но, по последните случувања во ЕУ, заземаа доста попозитивен став", истакна турскиот шеф на дипломатијата.
На крајот, јасно напомена дека Турција не прифаќа во Брисел да се третира како земја од втор ред.
„Тие се сега во ситуација на нас да гледаат како на рамноправен партнер. Не можат тие нас да ни кажат дека сме ние земја од втор ред, поради тоа што сакаме да бидеме членка, а тие земји од прв ред. Турција денеска е членка на многу организации, нашата земја е членка и на НАТО. Како може тоа да сме еднакви, а тука се зборува за земја од ред, втор ред. Турција е една од земјите основачи на Советот на Европа. Им порачавме дека не прифаќаме ваков однос кон нас", рече Чавушоглу.
Нагласи исто така дека функционерите на ЕУ во текот на состанокот во Брисел рекоа дека згрешија во реакциите по обидот за државен удар во Турција.
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу се наоѓа во посета на Брисел каде учествува на дводневен состанок на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО.