Yusuf Hatip
27 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, се сретна со неговиот нов американски колега, Мајк Помпео, јавува Anadolu Agency (AA).
„На средбата (со министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео), ние го потврдивме нашиот став дека двајцата министри треба да го одобрат патоказот за Сирија, претходно договорен од страна на работната група“.
Турскиот министер нагласи дека доколку се имплементира патоказот договорен претходно со САД во врска со Сирија, тогаш терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе се повлече од подрачјето на сирскиот Мунбич, во спротивно, Турција ќе интервенира како во Африн.
„Доколку патоказот се имплементира, тогаш ЈПГ се повлекува од Мунбич. Во спротивно, ние ќе мораме да интервенираме врз терористите како во Африн”, рече Чавушоглу по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Брисел.