Bekim Laci
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Етничката сегрегација е главната пречка за спроведување на интегрираното образование. Главниот заклучок на јавната дебата е дека јавната расправа за интегрираното образование, на која надлежните органи дискутираа за проблемите со кои се соочува Националната Стратегија, усвоена во 2010 година како средство за спојување на учениците од различни етнички групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Фари Хисени од платформата за мултикултурализмот, рече дека целта на оваа дебата е да се види до каде има стигнато интегрираното образование и кои се предизвиците со кои се соочуваат истакнувајќи ја сегрегацијата во средните и основните училишта, како главна пречка за нејзино спроведување.
„Сегрегацијата е од сите видови, вклучувајќи етничката и верската па сè до социјалните случаи и тоа е клучен проблем кој не дозволува интегрираното образование да се развива”, рече Хисени, додавајќи дека Министерството за образование е повиканo да гo спроведува истото, но рече дека тестовите покажуваат дека има доцнења во спроведувањето.
Претставничката од Министерството за образование и наука, Назиктере Сулејмани, на почетокот од својата презентација истакна дека стратегијата за интегрирано образование нема временско ограничување и дека не може да се каже дека има свој почеток и крај, туку дека преставува долг и тежок процес, но дека мора да се спроведува заради фактот што Македонија е мултиетничко и мултиконфесионално општество.
„Во секое основно и средно училиште има тим за меѓуетничката интеграција, кои имаат за цел да ги вклучат сите активности поврзани со меѓуетничката интрграција во годишните планови”, истакна Сулејмани.
Универзитетскиот професор, Петар Атанасов, од своја страна рече дека прашањето што треба да се постави е дали тие може да изградат интегриран систем на образование во едно дезинтегрирано општество во кои училиштата се соочуваат со сегрегација во која вредности во општеството се корупцијата и криминалот.
„Политичките структури дефинитивно треба да се посветат на овој процес, бидејќи тоа не е само работа на невладините организации. Не може да се залагаат за поделба и национализам. Потребни се повеќе мали промени во градењето интегрирано образование”, рече тој.
Денешната јавна дебата во организација на Платформата за мултикултурализмот, која е формирана во рамките на проектот Поддршка за мултиетничка демократија во Македонија, имплементиран од Институтот за социјална демократија "Прогрес", со поддршка на финската Фондација Калеви Сорса.