Kubilay Çelik
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ТБММ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека како парламентарната група на АК Партија, предлогот кој ги вклучува уставнате измени и претседателскиот систем ќе биде доставен до Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред состанокот на парламентерната група на АК Партија, во салата на честа Јилдирим ги поздрави со претставниците на медиумите. Тука Јилдирим одговараше на прашањата на новинарите, каде и му се потсети изјавата на лидерот на опозициската МХП, Девлет Бахчели во врска со уставната измена дека „Ние не се плашиме да одиме кај народот.", а Јилдирим за ова одговори: „Точно кажал. Нема нешто што не се знае воопшто, се се знае."
На прашањето дали е постигнато усогласување во врска референдумот за претседателскиот систем, Јилдирим рече: „Како парламентарната група на АК Партија, предлогот кој ги вклучува новата уставна измена и претседателскиот систем ќе го доставиме до Парламентот. Одлуката е на возвишениот Парламент" За прашањето кога ќе се одржи референдумот, Јилдирим одгоровори „Што е можно поскоро".
Новинарите Јилдирим го прашаа "Кога ќе се сретнете со Претседателот на ЏХП, Кемал Киличдароглу?", додека Јилдирим на ова прашање одговори: "Се сретнуваме со секој, продолжува духот на Јеникапи", алудирајќи на големиот собир одржан на 7 август во Истанбул каде присуствуваа пет милиони граѓани, како и претставници од сите политички партии и од власта и од опозицијата.
- „Турските воздушни сили го зазедоа своето место во акцијата за ослободување на Мосул од ДЕАШ"
Јилдирим потсети на претходната изјава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, дека Турција ќе биде во таа акција и на преговарачката маса.
„Ние стоиме зад изјавата на претседателот дека ќе бидеме во акцијата и на преговарачката маса. Во првите редови во акцијата се борат оние што ја поминале нашата обука во Башика“, додаде Јилдирим. Според него, овие сили заедно со пешмерга-борците се придружија во акцијата. „Покрај тоа, нашите воздушни сили во рамките на коалициските сили зазедоа свое место во акцијата. Оние што зборуваа дека Турција не треба да биде во Мосул – го добија својот одговор“, смета Јилдирим.