İlayda Çakırtekin
20 Август 2026•Ажурирано: 20 Август 2026
Киносалите во Велика Британија размислуваат за ограничување на употребата на очилата Мета ВИ (Meta AI) поради загриженоста за потенцијална филмска пиратерија, објави денес „Скај њуз“, пренесува Анадолу.
Британската асоцијација за кино, трговско тело на индустријата, соопшти дека голем број синџири на киносали би можеле да воведат „политики за забрана и/или ограничување на носењето паметни очила со камера“.
Асоцијацијата соопшти дека големите оператори на киносали разгледуваат како да пристапат кон употребата на паметните очила, настојувајќи да воспостават баланс меѓу загриженоста за неовластено снимање и приватноста, од една страна, и придобивките за пристапноста за некои корисници, од друга страна.
Фил Клап, извршен директор на асоцијацијата, истакна дека очилата би можеле да бидат корисни за лицата со оштетен вид или со проблеми со слухот.
Неодамна судовите во Англија и Велс, како и голем број ресторани, театри и пабови, презедоа мерки за забрана на паметните очила на Мета поради зголемената загриженост дека тие би можеле да се користат за шпионажа.