Emre Gürkan Abay
04 Август 2026•Ажурирано: 04 Август 2026
Компанијата „Епл“ привремено ја отстрани апликацијата за размена на пораки Телеграм од својата продавница „Еп Стор“, наведувајќи дека ги прекршила правилата на компанијата во врска со содржини што се однесуваат на материјали за сексуална злоупотреба на деца, јавува Анадолу.
„Телеграм“ беше отстранет од продавниците за апликации на ајфон и ајпад доцна синоќа.
Во соопштение испратено до дел од американските медиуми, „Епл“ наведе дека истрагата утврдила постоење на содржина на „Телеграм“ што ги прекршува правилата на компанијата со кои се забрануваат материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца.
Во соопштението се додава дека апликацијата повторно била вратена на „Еп Стор“ откако „Телеграм“ веднаш ја отстранил спорната содржина и го блокирал корисникот што ја споделил.
По повод случувањата, „Телеграм“ на американската платформа за социјални медиуми Х објави: „Извештаите за моето исчезнување се во голема мера претерани.“
Русија на 30 јуни го стави основачот и главен извршен директор на „Телеграм“, Павел Дуров, на листата на лица означени како терористи и екстремисти.
Во меѓувреме, Канцеларијата на австралискиот комесар за безбедност на интернет подигна тужба против Телеграм, обвинувајќи ја платформата дека не успеала да отстрани содржини поврзани со тероризам.