Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
АНКАРА (AA) – Астрономите открија дека ѕвезда оддалечена 400 светлосни години од Земјата, пулсирајќи сјае како одговор на планетата којашто ротира околу нејзината орбита, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на студијата чии резултати беа објавени во списанието „Астрофизикал журнал летерс“, беа испитани набљудувањата подолги од 350 часа, направени со помош на вселенскиот телескоп „Спицер“ на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА).
Астрономите од Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ) соопштија дека ѕвездата наречена ХАТ-П-2 (HAT-P-2) е обиколена со магла од гасови, 8 пати поголема од планетата Јупитер. Тие истакнаа дека планетата ХАТ-П-2б (HAT-P-2b) ја следи својата ѕвезда во една ексцентрична орбита, и дека оваа планета најпрво многу се приближува до својата ѕвезда, а потоа многу се оддалечува од неа.
Откриено е дека ѕвездата ХАТ-П-2 (HAT-P-2), за која се вели дека е најголемата ѕвезда надвор од Сончевиот систем за која се знае денес, на секои 87 минути нејасно сјае како одговор на движењето на планетата ХАТ-П-2б (HAT-P-2b) во орбитата.
Научниците сметаат дека одблесокот на ѕвездата, кој потсетува на биење на срцето, е предизвикан од планетата која е толку голема што периодично може да го смени обликот на ѕвездата ХАТ-П-2 (HAT-P-2).
- „Не ќе знаевме дека планетите кои се надвор од Сончевиот систем ги ‘возбудуваат’ своите ѕвезди“ -
„Не ќе знаевме дека планетите кои се надвор од Сончевиот систем ги ‘возбудуваат’ своите ѕвезди. Но тоа го откривме со помош на оваа студија. Меѓу нив има физичка врска, но тоа сега, во оваа фаза не можеме да го објасниме“, истакна Џулиен де Вит, од одделот за атмосферски и планетарни науки на МИТ.
Тимот ги откри овие „отчукувања“ на ѕвездата за време на обидот да ја нацртаат мапата на распределбата на топлина во планетата ХАТ-П-2б (HAT-P-2b).