Bahattin Gönültaş
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
БЕРЛИН (АА) - Американците Вилијам Д. Нордхаус и Пол М. Ромер се овогодишни добитници на Нобеловата награда за економија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на Шведската кралска академија на науки, Горан К. Хансон, соопшти дека Нордхаус и Ромер се наградени поради нивниот труд во областа на климатските промени, технолошките иновации и економскиот раст.
Академијата ја препозна работата на лауреатите за развојот на методите за решавање на темелните проблеми за остварување долгорочен и одржлив економски раст.
Нордхаус работи како професор по економија на Факултетот за шумарство и животна средина на Универзитетот „Јејл“, а Ромер е професор по економија на Универзитетот во Њујорк.
Двајцата научници ќе поделат и парична награда во вредност од девет милиони шведски круни, што е речиси милион долари.
Нобеловата награда од областа на економијата се доделува од 1968 година, а меѓу вкупно 80 лауреати има само една жена, Елинор Остром, која со наградата се закитила во 2009 година.