Murat Karadağ
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Ајкула од видот леопард, која живее во аквариум во државата Квинсленд, Австралија, се оплоди без полов однос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според австралискиот медиум „Еј-би-си“, ајкулата наречена Леони, која живее во аквариумот „Reef HQ“ во Таунсвил, и покрај тоа што уште од 2013 година живее во одделен аквариум од мажјаците ајкули, сепак е оплодена.
Научниците потврдија дека во оплодувањето на јајце-клетките не учествувал мажјак ајкула.
Истражувачите изјавија дека Леони е првата ајкула што откако претходно била оплодувана со парење, потоа самата се оплодила.
Истражувачите истакнуваат дека ваков пример ретко се сретнува кај ајкулите. Досега се забележани 7 слични случаи, но кај тие примероци на риби е забележано дека тие цело време функционираат на таков начин, односно сами се оплодуваат.
Одговорниот на аквариумот, Хамиш Тристрам изјави дека поради тоа што Леони се оплодувала неконтролирано, во 2013 година е разделена од мажјаците.
Одговорните на аквариумот во заедничка студија со Универзитетот „Квинсленд“ ќе истражуваат дали новородените ајкули, откако ќе го поминат периодот на созревање од 6 години, ќе можат да се оплодуваат сами.
Истражувачите се надеваат дека има надеж да се задржи видот ајкула леопард, бидејќи зазема место на листата на видови во изумирање.