Seyit Aydoğan
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ТОРОНТО (АА) - Во канадската покраина Саскачеван откриен е најголемиот и најстар фосил на Tyrannosaurus rex (T-rex) досега откриен во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Скелетот на откриениот „ти-рекс“, кој од страна на научната делегација која се состои од палеонтолози од Универзитетот „Алберта“ е именуван како Скоти, е висок 13 метри, стар 66 милиони години и тежи 8.800 килограми.
Скот Персонс од Одделот за биолошки науки при Универзитетот „Алберта“ истакна дека овој скелет за прв пат бил откриен во 1991 година во зоната за научно истражување во Саскачеван, но дека тогаш надлежните не излегле со одредена изјава во врска со откритието.
Тој нагласи дека долги години се одвивале активности за чистење на коските од песочниот камен, и дека тие работи се завршени.
Персонс истакна дека скелетот ќе биде изложен во „Кралскиот музеј на Саскачеван“, кој се наоѓа во главниот град на Саскачеван, Реџина.
Персонс додаде дека во рамки на истражувањата откриено е оти Скоти живеел 30-39 години, и дека тоа е многу подолг животен век од вообичаениот животен век кај месојадните диносауруси.