Sümeyye Dilara Dinçer
20 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, лансиран од страна на Националната аеронаутичко-вселенска управа на САД (НАСА), го сними облакот од прав познат како „Столбови на создавањето“ (Pillars of Creation), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), густиот облак од прав и водород во маглината Орел која се наоѓа во соѕвездието Змија, на далечина од околу 6.500 светлосни години од Земјата, овој пат беше снимен од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.
„Маглината Орел ја испитувам уште од 1990-тите години. Се обидувам да видам млади ѕвезди во внатрешноста на столбовите кои вселенскиот телескоп „Хабл“ ги сними претходно. Знаев дека фотографиите снимени од „Џејмс Веб“ ќе бидат неверојатни“, рече проф. Марк МекКагрин, советник за наука при Европската вселенска агенција.
НАСА на 25 декември во 2021 година во вселената го лансира вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, кој е најголемиот и најразвиен вселенски телескоп во светот, како наследник на вселенскиот телескоп „Хабл“.