Amina Zorniç
24 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) – Најголемиот интернет пребарувач, Гугл, денешното лого го посвети на 41-та годишнина од откривањето на Луси, најпознатиот светски фосил, хомонид, односно човеколик мајмун, јавува Anadolu Agency (AA).
Скелетен остаток на возрасна женка, Луси, откри тим научници, Доналд Јохансон и Том Греј на денешен ден во 1974 година во Етиопија. Се претпоставува дека Луси живеела пред околу 3,2 милиони години.
Скелетните фрагменти ископани во Етиопија го сочинуваат најкомплетниот примерок на човеколик мајмун досега пронајден, околу 40 отсто од скелетната маса. Пронаоѓањето на Луси ги промени тогашните теории за животот на човеколикиот мајмун.
Откриено е дека Луси и нејзините потомци се движеле исправено, на две нозе. Притоа имале исклучително развиено тело но главата им била изразито мала.
Луси добила име по песната „Lucy in the Sky with Diamonds“, на групата Битлс.