?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
ПЕКИНГ (АА) – Компјутер од кинеско производство Tienhi 2 по шести пат е прогласен за најбрз компјутер на светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција Xinhua објави дека кинескиот компјутер Tienhi 2, на листата 500 најбрзи компјутери која се објавува двапати годишно, по шести пат го зазеде првото место.
Всушност, Tienhi 2 на тестирањето постигна просечна брзина од 33,86 петафлопи во секунда, што е еднакво на 33.860 билиони операции во секунда. Tienhi 2 е исто така двојно побрз во однос на компјутерот Titan од американско производство, кој има просечна брзина од 17,59 петафлопи во секунда.
За еден час, овој суперкомпјутер постигнува резултати за кои би било потребно 1.3 милијарди луѓе симултано да сметаат на дигитрон илјада години.
Tienhi 2, кој е развиен на кинескиот Национален универзитет за одбрамбени технологии (KNUOT), се наоѓа во Националниот центар за суперкомпјутери во градот Гуангџао.