Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Големиот хадронски судирач, којшто е изграден со цел откривање на субатомските честички наречени Хигсов бозон (Хигсова честичка) и се користи за значајни физички експерименти, ќе биде надвор од употреба поради реконструкција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Лајфсајанс“ (LiveScience), Големиот хадронски судирач кој се наоѓа на француско-швајцарската граница, 100 метри под земјата, поради реконструкција од завчера е надвор од употреба.
Со цел да се интензивираат зраците на честичката, за унапредување на судирачот, тој ќе биде надвор од употреба до пролетта 2021 година.
Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Швајцарија објави дека со повторната обнова, судирачот ќе влезе во втор процес на долга тишина.
За време на експериментите спроведени во Големиот хадронски судирач во март 2013 година, откриени се субатомските честички - Хигсов бозон, една од најголемите тајни во врска со формирањето на универзумот.