Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Çağrı Koşak
16 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
АЛ КУДС / ЕРУСАЛИМ (АА) - За време на планираната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Израел во јули, земјата ќе го претстави ласерскиот одбранбен систем кој го развила со сопствени средства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според порталот „Вала њуз“, повикувајќи се на извори од Израелската армија, Израел планира да му го претстави ласерскиот одбранбен систем на Бајден и да побара финансиска поддршка за развој на ова оружје.
Се наведува дека ласерскиот одбранбен систем ќе му биде претставен на Бајден во воениот камп на југот на Израел, а се додава дека израелски и американски претставници веќе разговараат за ова прашање.
Според истиот извор, Израел бара партнер за развој на ласерскиот одбранбен систем, а со претставувањето на системот на Бајден, целта е, како што се наведува, „да се зајакне партнерството“.
Израел тестираше ласерски одбранбен систем кој пресретнува беспилотни летала и ракети во април оваа година.