Can Erözden
28 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
АНКАРА (АА) - Јапонската компанија за елекроника „Панасоник“ разви технологија со која камерите ќе можат да го мерат пулсот на лицата што ги снимаат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во веста објавена на информативната веб-страница „Јапан тудеј“ се вели дека благодарение на технологијата наречена „бесконтактна перцепција на виталноста“, камерата може да го измери пулсот на лицето што го снима.
Во соопштението на „Панасоник“ се вели дека благодарение на технологијата што е развиена во рамките на истражувањето за мерење на пулсот на спортистите додека се во движење, ќе биде возможно да се одреди притисокот и нивото на стрес на лицата снимани со камерата.
Во соопштението се вели дека е развиена програма којашто врши пресметки врз основа на рефлексијата на светлината од кожата на лицето што се снима.
„Оваа технологија може да се користи на кој било дел од телото што е видлив, не само на лицето. Ние го користевме лицето, бидејќи ова подрачје, во однос на останатите делови од телото е поцентрално поставено“, се вели во соопштението на „Панасоник“.
Во соопштението се вели дека покрај тоа, за користење на оваа технологија не е потребна специјална камера, туку можно е да се користи и стандардна интернет-камера.
Панасоник планира оваа технологија да ја претстави на пазарот во 2018 година. Освен за спортски намени, во план е апликацијата да се користи и за мерење на стресот на вработените во центрите за повик (call center).