наука и технологија

Канада: Турски истражувач дизајнираше дијагностички микрочип

Д-р Енвер Гурхан Килинч за АА истакна дека микрочипот што го дизајнирал дава значаен придонес во лечењето со намалување на вкупните трошоци и заштеда на многу време

Nilay Kar  | 10.04.2018 - Обновена : 11.04.2018
Канада: Турски истражувач дизајнираше дијагностички микрочип Seyit Aydoğan/AA

Toronto

ТОРОНТО (АА) - Турски истражувач на Универзитетот во Торонто дизајнираше дијагностички микрочип кој брзо идентификува бактерии отпорни на антибиотици, како и конкретните вируси кои можат да ги уништат, јавува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи за AA, д-р Енвер Гурхан Килинч рече дека микрочипот што го дизајнирал дава значаен придонес во лечењето со намалување на вкупните трошоци и заштеда на многу време.

Килинч изјави дека микрочипот го намалува времето за тестирање од најмалку два дена на 15 минути, овозможувајќи им на лекарите да ги третираат бактериските инфекции многу побрзо од претходно.

Микрочипот, исто така, може да се користи во третирањето на фаг, исто така познат како бактериофаг, кој ги користи бактериските вируси за лекување на бактериските инфекции и е прифатен како алтернатива за антибиотик.

„Нашето истражување на Универзитетот во Торонто започна во 2015 година. Како резултат на нашето истражување, цената на тестирањето ја намаливме на еден канадски долар, а порано трошокот изнесуваше од 20 до 30 канадски долари. Исто така, драстично го намаливме и времетраењето на тестирањето, од најмалку два дена на 15 минути“, изјави тој.

Според Килинч, болницата во Торонто, воодушевена од овој револуционерен производ, го користи овој метод на тестирање најмалку 800 пати на ден.

„Системот на нашиот микрочип прави споредба меѓу вирусите во организмот и бактериите за рок од 15 минути и ни кажува кој вирус на која бактерија ќе реагира со зелено светло и со звучно предупредување“, вели Килинч.

- Алтернатива за антибиотици -

Килинч нагласи дека микрочипот претставува нов напредок во лекувањето на бактериофагот, кој претставува алтернатива за антибиотско лекување.

„Чипот кој ние го дизајниравме овозможува идентификување на најефективните фази (фаг) кои на пациентот му се потребни во најкраток временски период. Ова е поевтин третман од антибиотиците и исто така е многу ефективен“, вели турскиот истражувач.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.