Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Кина го лансира товарното вселенско летало за својата вселенска станица која е во изградба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата на кинеската државна телевизија ЧГТН (CGTN) соопшти дека ракетата „Лонг Марч-7 Ј5“ го однела товарниот вселенски брод „Тијанжу-4“ во вселената од локацијата за вселенски лансирања Венчанг во јужнокинеската покраина Хајнан.
Мисијата „ќе ја подготви вселенската станица за пристигнувањето на нејзиниот следен астронаутски екипаж, планирано за јуни“, се наведува во веста.
Првата кинеска мисија за истражување на Марс, „Тианвен-1“, успешно слета на планетата во мај минатата година.
Кина, исто така, го лансира својот прв основен модул за вселенска станица „Тианхе“ и карго вселенските бродови „Тијанжу-2“ и „Тијанжу-3“.
Кина изврши и два лета со екипаж со вселенските летала „Шенжу-12“ и „Шенжу-13“, четири активности надвор од вселенските летала и час во живо од вселенската станица.