Aliia Raimbekova
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
НУРСУЛТАН (АА) - Товарната капсула MS-11 од вселенската база „Бајконур“ во Казахстан успешно е лансирана кон Меѓународната вселенска станица (ISS), пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската Федерална вселенска агенција (ROSCOSMOS) соопшти дека леталото е лансирано во 17:00 часот по локално време и дека на одредиштето би требало да пристигне 3,5 часа по лансирањето.
Капсулата на Меѓународната вселенска станица пренесува товар тежок 2,5 тони, односно гориво, храна, вода и друго.
На Меѓународната вселенска станица во моментот се наоѓаат руските космонаути Алексеј Овичињин и Олег Кононенко, астронаутите на Агенцијата за истражување на вселената (NASA), Ник Хаг, Кристина Коч, Ен Меклејн и астронаутот на Вселенската агенција на Канада (CSA), Двид Сен-Жак.