Zehra Ulucak
30 Ноември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Меѓународната унија за зачувување на природните извори и природата (IUCN) соопшти дека над третина кактуси во светот им се заканува исчезнување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со истражувањето се опфатени 1.478 видови кактуси и утврдено е дека 31 процент од нив би можеле да нестнат што би можело да се претвори во еколошка катастрофа.
Во истражувањето објавено во списанието "Nature Plants" наведено е дека на кактусите им се заканува исчезнување поради урбанизацијата, претворањето на необработливата површина во обработлива и трговијата.
Кактуси на кои им се заканува исчезнување се наоѓаат најмногу на територијата на Рио Гранде До Сул, на југот на Бразил, на северот на Уругвај, како и во мексиканските градови Куеретаро, Сан Луис Потоси Оаксака и Пуебла.
Стручњакот за кактуси во Националниот автономен универзитет во Мексико, Салвадор Ариас смета дека причината за тоа е се поголемиот извоз на кактуси во Европа како и уништување на природата и нејзините богаства.
Тој наведе дека е потребно да се превземат големи чекори за да се спречи еколошката катастрофа.