Fırat Taşdemir
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (AA) – Бројот на неутрализирани терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ во рамките на операцијата „Извор на мирот“ на северот на Сирија се зголеми на 673, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Турција на својот твитер-профил соопшти дека досега во операцијата „Извор на мирот“ се неутрализирани вкупно 673 терористи.
„Бројот на неутрализирани терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ во рамките на операцијата „Извор на мирот“ на северот на Сирија се зголеми на 673“, соопштија од Министерството за национална одбрана на Турција на Твитер.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.