Saadet Gökce
11 Август 2026•Ажурирано: 11 Август 2026
Бахреин му честиташе на Пакистан за трипартитниот одбранбен договор со Турција и Саудиска Арабија, соопшти денес пакистанското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Ова беше истакнато за време на вчерашниот телефонскиот разговор меѓу пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар и неговиот бахреински колега Абдулатиф бин Рашид ал Зајани.
Ал Зајани, исто така, изразил намера да го посети Пакистан во блиска иднина.
Дар ја истакнал „цврстата посветеност“ на Пакистан кон унапредување на дијалогот и дипломатијата со цел постигнување мир и стабилност во регионот и пошироко.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во петокот го потпишаа Договорот за заедничка одбрана во Мека.
Со договорот се предвидува дека вооружен напад врз која било од трите земји се смета за напад врз сите три, а целта е зајакнување на колективното одвраќање и проширување на одбранбената соработка.
Договорот следува по повеќегодишни консултации меѓу Ријад, Анкара и Исламабад насочени кон зајакнување на одбранбената соработка и координирање на одговорите на заедничките безбедносни предизвици врз основа на нивните стратегиски интереси.
Договорот беше постигнат во услови на зголемени тензии во Ормускиот Теснец по конфликтот меѓу Иран и САД, што предизвика загриженост за глобалните енергетски резерви и поморската безбедност, и покрај тековните дипломатски напори за зачувување на непреченото пловење.