Bekim Laci
01 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска го донесе Деловникот за работа, за кој гласаа 12 членови на Комисијата, еден беше воздржан а еден не гласаше, јавува Anadolu Agency (АА).
Деловникот е донесен по еднонеделните консултации меѓу пратеничките групи.
Претседателот на Комисијата Петре Шилегов во изјава за медиумите рече дека доколку дојде до еднаков број на гласови при одлучување на Комисијата ќе се примени двојно гласање.
“Гласањето на претседателот е решено со двојно гласање. Во случај да дојде до нерешено или поделено гласање на членовоте на Комисијата се закажува нова сесија на гласање со дополнителни консултации и усогласувања. Се става точката повторно на гласање, доколку не се успее да се постигне согласност резултатите од второто гласање ќе бидат резултати коишто ќе важат”, изјави Шилегов.
Денеска беше информирано и дека Анкетната комисија ќе бидат пренесувани во живо на Собранискиот канал со исклучок кога ќе за заседава Парламентот или кога како сведоци ќе бидат повикани лица кои би можеле да изнесат класифицирани информации или чуствителни безбедносни информации.
На следната седница секоја политичка партија треба да даде предлог- план за работа. Предлог-планот треба да биде заеднички усогласен.
За Деловникот не гласаше независната пратеничката Роза Топузова Каревска, а воздржан беше пратеникот на ДПА Ернад Фејзулаху.
Тој рече дека ќе биде воздржан во однос на одлуките на Комисијата бидејќи има сомнеж дека Комисијата ќе има успех зашто трите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се инволвирани во аферата со прислушувањето.