Besar Ademi
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - По примањето на акредитивните писма од од новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов изјави дека, „членството во ЕУ останува највисоката стратешка цел на Македонија, затоа што тоа е изборот на граѓаните на оваа земја кој ужува голема политчка, етничка и општествена подршка, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Иванов рече дека се надева на одблокирање на евро-интеграциските порцеси, истакнувајќи дека секое одолговлкување на овој процес сериозно влијае врз ритамот на реформите, на нивото на културата како и на нивото на дијалог и компромис.
„Верувам дека Европската Унија и покрај предизвиците со којшто се сочуваа ќе го поправи моменталниот погрешниот пристап кон Македонија. Во спротивно, ако Македонија и после идните избори не добие датум и не ги започне преговорите, прашање на време ќе биде кога ние ќе се сочимее со уште една политичка криза“, изјави претседателот Иванов.
Во пордолжение Иванов додаде дека Македонија со голема одговорност и со сите можности им одговори на ризиците од бегалската криза.
„До сега неколку пати имам речено и уште еднаш велам дека не сум задоволен од односот на ЕУ кон Македонија од аспект на справувањето со предизвиците коишто произлегуват од бегалскта криза. Имавме рационални барања во врска со безбедносниот аспект коишто се поврзуваат со бегалската криза, која ќе придонесоа и за бзбедноста на Европа. Но за жал нашите барања беа игнорирари“, исткана Иванов.
Новоименуваниот амбасоадор на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар рече дека ЕУ со нетрпени очекува да се надмине политичката криза со помош на Пржинскиот договор.
„ЕУ со нетрпение очекува надминување на политичката криза со Пржинскиот Договор постигнат со посредство на ЕУ и САД и подджран од главните политички партии со јасни цели и одговорност за да се ставаат во прв ред интересите на државата. Волјата на политичките партии е важна за имплементирање на договорот, но исто така е важна и за имплементирање на неопходните реформи за подобра иднина за граѓаните", изјави евроамбасадорот Жбогар.