Ekip
21 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
АНКАРА (AA) - „Државниот удар се обиде да го изведе една мала група на Вооружени сили на Турција. Но, она што е јасно е дека тие се малцинство. Никогаш нема да дозволиме малцинство да ја преземе власта над мнозинството. Ние се спротиставивме на тоа и ги преземаме сите неопходни мерки", рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за медиумската мрежа Ал Џазеира, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во текот на разговорот истакна дека терористичката организација ФЕТО внатре во државата формираше паралелна структура.
„Терористичката организација ФЕТО внатре во државата формираше паралелна структура. Кога се обидоа да го изведат државниот удар, тие во тоа не успееа, но сигурен сум дека тие и во наредните денови и недели поради сопствената иднина ќе се обидат да спроведат некои нови идеи и планови. Ние сме како држава и народот, рака под рака, против ваквите луѓе и организации. Додека се држиме заедно и додека сме со народот, тенковите нема да можат да го постигнат посакуваниот резултат, како што не успееа во тоа", рече Ердоган.
Додаде дека е погрешно ако министерот за надворешни работи на Франција изнесувал коментари за него.
„Ако министерот за надворешни работи на Франција лично изнесувал коментари за мене,тоа е грешка. Тој би требало да си ја работи својата работа. Но ако сака лекција по демократија, може да ја добие од нас", рече Ердоган.
Истакна дека турските власти на САД им ги испраќаат сите документи и сите докази за Ѓулен.
„Не можат меѓунационалните односи да бидат базирани на чувства и емоции, туку на логика. Ние на САД им ги испраќаме сите документи и докази и со САД веќе го покренавме тој процес. Ќе ја чекаме одлуката", рече Ердоган во интервју за Ал-Џезеира, одговарајќи на прашањето во врска со испорачувањето на Фетулах Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО.
Ердоган за соборување на рускиот авион рече дека е можно пилотите да имаат врска со Пенсилванија.
„Турскиот воздушен простор е нарушен. Иако неколку пати е издадено предупредување, тоа продолжи. Потоа дојде до одредени настани. Се уште не знаеме да ли последните настани имаат врска со тоа. Но можно е Пенсилванија да има врска со овие пилоти. Тие сега се приведени и судот ќе ја донесе одлуката. Всушност, судството ќе ја донесе одлуката дали пилотите се поврзани со оваа група или не", рече турскиот претседател и додаде дека верува дека истражните органи имаа основано сомнение за апсење на тие пилоти.
„Верувам дека истражните органи имаа основано сомнение за апсење на тие пилоти", рече Ердоган. Напомена дека постои друг супериорен ум и над терористичката организација ФЕТО.
„Постои друг супериорен ум и над терористичката организација ФЕТО и Фетулах Ѓулен", рече Ердоган.
Потврди дека ќе го одобри враќањето на смртната казна доколку Парламентот тоа го изгласа.
„Не сум само јас тој ќе ја донесе одлуката. Тоа беше барање и на народот. Луѓето на улиците извикуваа 'смртна казна, смртна казна'. Во таа смисла парламентот е тој кој ќе ја донесе таа одлука. Парламентот е тој кој ќе донесе измена на Уставот. Ако парламентот донесе таква одлука јас ќе ја поддржам", рече Ердоган.