Zülfiya Yakup
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ПРИШТИНА (AA) - Кадри Весели денес со акламација на делегатите на 7 вонредна Конвенција е избран за новиот претседател на Демократската партија на Косово. Против изборот на Весели, кој беше единствен кандидат, никој од делегатите не гласаше ниту пак имаше воздржани, јавува Anadolu Agency (AA).
Досегашниот претседател на ДПК, Хашим Тачи поднесе оставка пред два месеци откако беше ибран за претседател на Косово. Во своето прво обраќање на делегатите по изборот, Весели се заблагодари на укажаната доверба, ако и на Тачи "човекот кој ја разви ДПК".
Весели вети дека веднаш ќе тргне со работа и јакнење на партијата.
„Ние имаме западен идентитет и ќе го продолжиме вечното сојузништво со САД", порача Весели. Вети дека приоритетите на партијата ќе бидат подобрување на животот на граѓаните, нови работни места за младите, квалитетно образование и здравство
На почетокот на дводневното вонредно собрание на Демократската партија на Косово, на која учествуваат 714 од вкупно 804 делегати од сите делови од земјата, потпретседателот на ДПК Хајредин Кучи оцени дека досегашниот претседател на партијата Хашим Тачи, со години успешно ја водеше партијата и изрази надеж дека така ќе биде и со новиот претседател.