????? ???????
09 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА)- Косово денес не е примено во полноправно членство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката е донесена со јавно гласање на заседанието на Генералната конференција на УНЕСКО, кое се одржува во Париз. За приемот на Косово гласаа 92 земји, против беа 50, додека воздржани беа 29. Беа потребни 95 гласа или двотретинско мнозинство од 195 земји членки на УНЕСКО.
Извршниот совет на УНЕСКО минатиот месец со просто мнозинство гласови и препорача на Генералната конференција да ја „признае Република Косово како членка на УНЕСКО“.
Претходно, денес, Генералната конференција со просто мнозинство гласови го одби барањето на Србија за одложување на гласањето за прием на Косово во таа светска организација за две години. Откако Србија поднесе барање за одложување на гласањето, следеше расправа помеѓу претставниците на земјите, кои ја поддржуваат Србија и оние кои го поддржуваат Косово.
Србија ја поддржаа Русија, Аргентина и Куба, а Косово, САД, кои немаат право на глас, потоа Велика Бриртанија и Германија.
Претставник на Велика Британија кажа дека би било преседан да се одбие препораката на Извршниот совет за приемот на одредена земја, додека Кина смета дека приемот на Косово негативно би се одразил врз дијалогот помеѓу Косово и Србија, кој со посредство на ЕУ се води во Брисел.
Заседанието на Генералната конференција на УНЕСКО трае од 3-ти па сè до 18-ти ноември.