?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Косовската здружена опозиција објави дека на Денот на албанското знаме, 28 ноември ќе одржи собир против Владата на Косово, пренесува Anadolu Agency (АА).
"Повеќе од два месеци како опозициската партија, со голема решителност се спротиставува на плановите на Косовската Влада. Низ цело Косово, организиравме средби со граѓаните на кои е изразено апсолутно противење на Косовските владини проекти. Ја организиравме едена од најголемите петиции во Косово и собравме 205 илјади потписи", се вели во соопштението на опозицијата.
Три опозициски партии, Движењето "Самоопределување", Алијанса за иднината на Косово, сметаат дека Владата на Косово се соочува со протести од опозицијата, а над 205 илјади потписи од граѓаните одговорија со цинизам, презир, прогони, апсења, притворања и полициското насилство
Обединетата опозиција настанот го закажа на Денот на албанското знаме, на 28 ноември, во 14.00 часот на плоштадот "Захир Пајазити" во Приштина.