Besar Ademi
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, по средбата со неговиот македонски колега во Скопје, за официјалното барање на Турција за екстрадиција на осум турски војници кои пребегнаа во Грција со хеликоптер по неуспехот на обидот за државен удар во Турција, рече дека за судбината на војниците за кои се бара да бидат екстрадирани во Турција ќе биде решена од страна на грчките судови, кои ќе испитат дали тие учествувале во неуспешниот обид на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Коѕијас, истакнувајќи дека дипломатското барање на Турција пристигна во Грција пред 3-4 дена, како што рече, „еден месец по обидот", соопшти дека документот е доставен до судските органи кои ќе одлучат за следните чекори.
„Ние од почетокот бевме против овој обид за државен удар во Турција, откако во 1967 година грчкиот народ бил жртва на таков обид. Грција е земја на европската цивилизација, атинската демократија која има влијание врз оваа цивилизација е држава која го почитува законот и правните процедури. Ние како грчка влада сметаме дека за судбината на осум турски војници ќе решаваат грчките судови, со примена на грчкото и европското право. Се разбира, судот ќе треба да се испита и да се утврди дали овие осум луѓе учествуваа во овој процес ", рече Коѕијас.
Коѕијас додаде дека по неодамнешната криза, Грција и Турција разговараат за билатералните односи и во насока на пронаоѓање на нови начини на соработка.
„Му благодарам на Бога што овој обид не успеа, бидејќи армијата не треба да се меша во политичката власт. Како министер за надворешни работи, мислам дека без оглед на несогласувањата за време на раководството на претседателот Ердоган, никогаш не сме имале волку „жежок инцидент“ помеѓу двете земји. Грција посакува Турција која е ориентирана кон Европа, во која владее правото, а што подемократска биде нашата соседна земја, толку повеќе можеме да соработуваме“, рече Коsијас.
Во врска со терористичката организација ФЕТО, која врши дејност надвор од Турција преку различни институции, Коцијас рече дека во Грција не постојат институции кои се поврзани со оваа организација, и додаде дека тој е свесен дека Фетула Ѓулен се обвинува од страна на Турција како водач на обидот за државен удар, но, како што истакна Коѕијас, најважно е да се види она што Американците ќе одлучат.
Во барањето за екстрадиција подготвено од страна на Републичкото главно обвинителство во Истанбул, се бара екстрадицијата на осумте војници со одредени чинови кои биле во хеликоптер Сикорски S70 Хок S/N со регистарски број 11308 кој им припаѓаше на Tурските вооружени сили, кој слетал на аеродромот во Александрополис, во Грција, на 16 јули 2016 година, под обвинение за „кршење на уставот употребувајќи сила“, „обид за атентат врз претседателот на државата“, „злосторство против законодавната власт и владата“ и „групен грабеж со оружје“.