Elena Teslova
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров рече дека Русија не мисли да формира воена база на грчкиот дел од Кипар, јавува Anadolu Agency (AA).
На заедничката прес-конференција на Лавров со министерот за надворешни работи на грчкиот дел од Кипар Јанис Касулидис, кој е во посета во Москва, изјави: „Со Јужен Кипар никогаш не сме преговарале и не преговараме за воена база“.
Сергеј Лавров рече дека руските воени бродови ги користат пристаништата на грчкиот дел од Кипар како што ги користат и бродовите на другите земји, и дека немаат никакви привилегии.