Agim Sulaj
15 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
ПРИШТИНА
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, донесе одлука локалните избори во земјата да се одржат на 17 октомври 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Кабинетот на претседателката на Косово, Османи оваа одлука ја донела по завршување на консултациите со политичките субјекти на 2 јуни 2021 година и во согласност со Законот за локални избори.
Со оваа одлука, Османи ѝ даде инструкции на Централната изборна комисија да ги преземе сите потребни чекори за организирање и одржување на локалните избори.
Инаку, последните локални избори во Косово се одржаа на 22 октомври 2017 година, на кои излезноста беше 44,1 отсто.