Admir Fazlagikj
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - „Состојбата на македонската јужна граница е редовна и се пропуштаат бегалците од Авганистан” , тврдат за АА од МВР, додека пак грчката полиција тврди дека Македонија веќе не ги пропушта бегалците од Авганистан, при што македонската полиција им бара пасоши.
Невладините организации кои се на македонска територија и кои се присутни на теренот и активно учествуваат во справување со бегалската криза информираат дека од денес не се пропуштаат бегалците од Авганистан и дека на бегалците им се бараат пасоши.
Исто така, невладините организации велат дека од вчера околу 600 бегалците од Авганистан се заглавени на Табановце бидејќи Србија веќе не пропушта бегалци од оваа земја. Оваа информација ја потврдија и од МВР.
Во периодот од 00:00 до 24:00 часот на 20.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 372 странски државјани, од кои 104 од машки и 102 од женски пол, како и на 166 деца кои го придружуваат носителот на потврдата за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, 250 потврди се издадени на државјани на Сирија, 113 потврди се издадени на државјани на Ирак и 9 потврди се издадени на државјани на Авганистан.