Stipe Mayiç
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
ЗАГРЕБ (АА) - На 41 седница на Владата, со која претседаваше премиерот Тихомир Орешковиќ, беше разговарано за приоритетите во работењето на хрватската Влада во европските институции за време на претседавањето на Словачка со Советот на ЕУ. Министерот Миро Ковач ги изнесе основните хрватски стратегии како земја-членка на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
На темата „Хрватското работење во институциите на ЕУ во претстојниот период зборуваше министерот за надворешни и европски работи, Миро Ковач, кој истакна дека за Хрватска и понатаму ќе бидат значајни сите мерки поврзани со економскиот раст, зголемување на вложувањето и создавањето нови работни места, особено за младите, со спроведување на структурни реформи и зголемување на конкурентноста.
Тој истакна дека е важно хрватското дејствување во ЕУ во создавањето законодавство за создавање стратегии на заедничкиот пазар, особено дигиталниот.
Со оглед на Брегзит, Ковач истакна дека Хрватска ќе се залага за конхерентност и единственост на ЕУ, и за нејзино јакнење според надворешните предизвици. Тој го нагласи и залагањето за енергетска независност и единство на ЕУ.
Ковач изјави дека Хрватска ќе продолжи да се занимава со целосен пристап и со мерките за управување со сите аспекти на миграциите, особено тоа се однесува на надворешните граници на ЕУ.
Тој особено ја истакна важноста на работата околу пристапот на Хрватска кон шенгенскиот простор.
Ковач нагласи дека Хрватска ќе го поддржи одржливото управување на миграциите и соработката со трети држави, вклучувајќи ја и реадмисијата на враќање, со посебен акцент на спроведувањето на договорот на ЕУ со Турција.
Хрватска ќе продолжи да им дава поддршка на државите на југоисточна Европа и на мигрантските предизвици, изјави тој, како и да укажува на потребата за решавање на причините за мигрантската криза, односно на судирите во регионите на Блискиот Исток и северна Африка.
Ковач вели дека Хрватска ќе се залага за политиката за проширување на ЕУ, водејќи се од индивидуалните постигнувања на земјата, темелени на исполнување на зададените критериуми.