Bedrudin Brlyavac
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
ЉУБЉАНА (АА) - На Блед во Словенија денес започна 11. Стратешки форум, на кој оваа година најмногу ќе стане збор за прашањето на безбедноста, интеграцијата и идните предизвици во Европа и нејзиното пошироко опкружување, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната конференција на која присуствуваа гости и експерти од 70 држави ја отвори словенечкиот премиер Миро Церар, посакувајќи им добредојде и успешна работа и придонес.
На овогодинешниот Стратешки форум ќе учествуваат околу 700 учесници од регионот, од земјите од Европската Унија, Соединетите Американски Држави и Канада.
Во тематските дискусии и на билатералните средби на Блед ќе бидат присутни и повеќето шефови на дипломатии на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и шефовите на дипломатиите на Македонија, Србија и БиХ, кои ќе ги презентираат своите ставови за безбедносните прашања и за состојбите во регионот посветени на членството во ЕУ.
Во текот на двата дена, на панелите ќе се водат разговори за глобалната економија, миграциите, тероризмот, енергетиката, а особено за Европската Унија како привлечна заедница на стабилноста и напредокот.
Темата на 11. Стратешки форум е „Зачувување на иднината“.