Zylfije Adem Jakupi
11 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, денеска ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Северна Македонија, Шпреса Јусуфи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Претседателството на Косово е соопштено дека Османи во таа пригода оценила дека соработката на двете земји се заснова на географската близина и соседските односи.
Според нејзините зборови, регионалната стабилност и процесите на интеграција се важни фактори за регионалниот мир, но и за евроатлантскиот процес.
Двете соговорнички се согласија дека соработката меѓу Косово и Северна Македонија е одлична и дека намерата е да се продлабочува и понатаму.