свет, политика

Претседателот на САД Трамп го коментираше ветувањето дека ќе стави крај на руско-украинската војна за 24 часа

- „Бев малку саркастичен кога го кажав тоа. Сакав да кажам дека посакувам да го завршам ова и мислам дека ќе бидам успешен“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во од интервјуто на телевизиската програма „Full Measure“

Ayşe İrem Tiryaki  | 15.03.2025 - Обновена : 15.03.2025
Претседателот на САД Трамп го коментираше ветувањето дека ќе стави крај на руско-украинската војна за 24 часа

ВЕСТ ПАЛМ БИЧ

Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговото ветување пред да биде избран за претседател дека ќе ја заврши руско-украинската војна во рок од 24 часа го даде следниот коментар: „Бев малку саркастичен кога го кажав тоа. Сакав да кажам дека посакувам да го завршам ова и мислам дека ќе бидам успешен“, известува Анадолу.

Споделен е трејлер од интервјуто на Трамп на телевизиската програма „Full Measure“, кое ќе се емитува утре.

Во трејлерот запрашан за неговото ветување дека ќе ја заврши руско-украинската војна во рок од 24 часа, Трамп одговори:

„Бев малку саркастичен кога го кажав тоа. Сакав да кажам дека посакувам да го завршам ова и мислам дека ќе бидам успешен.“

Во врска со можноста Русија да не го прифати прекинот на огнот, Трамп рече дека тоа е „лоша вест“.

„Но, мислам дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го прифати тоа. Мислам дека добро го познавам и тој ќе го прифати“, рече Трамп.

За време на предизборната кампања, американскиот претседател Трамп тврдеше дека може да стави крај на руско-украинската војна во рок од 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın