Zülfiya Yakup
24 Февруари 2016•Ажурирај: 25 Февруари 2016
ПРИШТИНА (AA) - И покрај дождот и ладното вчера започнаа деноноќниот протест на опозицијата против Владата и изборот на Хашим Тачи за претседател на Косово, продолжен е на платото пред Собранието на Косово во Приштина, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку стотици учесници на протестите од разни делови на Косово ноќта ја минаа на душеци под шаторите. Демонстрантите се греат покрај ватрата запалена во металните буриња. Од бината повремено се повикува на пад на Владата, а се пренесуваат и сервисни информации во врска со протестот.
Според она што лидедирите го најавија, целодневните мирни протести ќе траат до 7 март, кога истекува рокот за изборот на новиот претседател на Косово. Доколку пратениците на Собранието до 7 март не изгласаат нов претседател, автоматски ќе се оди на парламентарни избори.
Брахим Туркај од Пеќка Бања Бања е учесник на протестот од почеток и ноќта ја мина под шатор. Тој во изјава за АА вели дека дошол да протестира не само поради двата договори поради кои опозицијата веќе шест месеци ја блокира работата на Собранието, туку и поради злоупотребата на Владата на Тачи.
"Какви кражби направија, го осиромашија животот на луѓето, имаме 18 отсто екстремно сиромашни и него тоа не го интересира. Среден живот има околу 70 отсто, денес имаат за леб, утре можеби не. Затоа излеговме, да падне оваа Влада", вели Туркај.
Куштрим Лошај, претседателот на младите на Алијансата за иднина на Косово за општината Дечане, стаса на протестот денес во 10 часот и ќе остане 24 часа. Тој за АА вели дека се надева дека ова е последен протест.
"Се надеваме дека Владата ќе земе в предвид дека граѓаните се против двата договори, против кршење на Уставот и ведувам дека ќе поднесат оставки и земјата ќе оди на избори" , вели Лошај.
Меѓу учесниците на протестот е и потпретседателот на Движењето Самоопределување, Дритон Чауши. Тој за АА вели дека ноќта поминала мирно и без инциденти и дека граѓаните се солидализирале со демонстрантите, носејќи им шатори, ќебиња и храна. Тој истакнува дека ова е продолжение на протестот на опозицијата која пред шест месеци тргна со спротиставување на договорите за Заедницата на општините со српско мнозинство и демаркација на границата со Црна Гора и дека по констатацијата на Уставниот суд дека Заедницата е антиуставна, легитимно е и барањето за заминување на актуелната власт.
"Ние користевме разни методи на спротиставување, а вчера одлучивме да поставиме шатори, земајќи ги во предвид сугестиите на граѓаните, што е цивилизирана форма на протестирање и ќе останеме до неисполнување на нашите барања", порача Чауши. Тој потсетува и дека опозицијата во сабота на 27 февруари ќе организира голем протест за пад на Владата.