Admir Fazlagic
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Словачкиот Парламент денеска го ратификуваше Проколот за членство на Северна Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со ова Словачка е единаесетта земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.
„Парламентите на Полска и Словачка го ратификуваа протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Одиме чекор по чекор кон целта – Република Северна Македонија, членка на НАТО", објави на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Претходно денеска и полскиот Парламент го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.
Прва држава што го ратификуваше Протоколот беше Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска и денеска Полска и Словачка.
Земјите‑членки на НАТО на 6 февруари оваа година го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Според предвиденото, потребно е Протоколот да биде ратификуван во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, за да Северна Македонија и официјално стане полноправна членка.