Mehmet Tosun
06 Јули 2023•Ажурирај: 07 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Ердоган упати благодарност до Вучиќ за честитките за реизборот за претседател на Туркије.
Турскиот претседател нагласи дека односите меѓу Туркије и Србија со напорите на двајцата претседатели достигнале највисоко ниво во историјата.