Almir Terzic
17 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Десетгодишното пленарно заседавање на Парламентарното собрание на Медитеранот (PAM) ќе се одржи на 18-ти и 19-ти февруари во Тирана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на заседавањето во главниот град на Албанија, со кое ПАМ ќе ја одбележи десетгодишнината од своето постоење и делување, ќе бидат реализирани разговори на високо ниво за актуелни и престојни предизвици со кој се соочува Медитеранскиот регион.
Во рамките на трите предвидени панели, учесниците во пленарното заседавање ќе разговараат за последиците од кризата во Сирија, Либија и Блискиот Исток, вклучувајќи го и прашањето за миграциите како и борбата против тероризмот.
Предвидена е расправа и за развојот на економијата и економската соработка на земјите од Медитеранот, за климатските промени и заштитата на околината, за промовирањето и заштитата на човековите права како и за меѓукултурниот дијалог и зачувувањето на културното наследство во земјите од регионот.
Учесниците на заседавањето, во својство на домаќин, ќе ги поздрави претседателот на Парламентот на Албанија, Илир Мета, премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на ПАМ, Лоу Лмарбух, а на почетокот на пленарната седница ќе биде прочитана и пораката на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.