?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Тројца од седумте бомбаши-самоубијци кои во петок, 13 ноември, врши терористичките напади во Париз, биле државјани на Франција, изјави францускиот полициски претставник, кој сакаше да остане анонимен, јавува Anadoly Agency (АА).
Како што пренесува новинската агенција Асошиетед прес, се сомнева дека едно од седумте уапсени лица во Белгија е поврзано со терористичките напади во Париз.
Во неколкуте координирани терористички напади извршени во францускиот главен град, во петокот вечер животот го загубија 129 луѓе, додека 352 се повредени.
Одговорноста за терористичкиот напад беше превземен од страна на терористичка организација Даеш.
Франција прогласи вонредна состојба и тридневна жалост, а нападот беше осудена од страна на многу светски лидери и организации.