Fatih Erel
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Пратеникот на ОН за Сирија денес изјави дека режимот на Башар ал Асад се согласил со предлогот на Русија за прекин на огнот во Источна Гута, на периферијата на Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање во Женева, на осмиот круг од мировните преговори во Сирија, Стефан де Мистура изјави: „Денес бев информиран од страна на Русите на П5 (состанокот на постојаните членови на Советот за безбедност на ОН)“.
„Русите предложија и владата го прифати прекинот на огнот во источна Гута“.
„Сега треба да видиме дали тоа ќе се случи, но не е случајност тоа што дадениот предлог беше прифатен на самиот почеток од овој круг на преговорите“, додаде дипломатот.
Вчера Русија предложи да се воспостави прекин на огнот во зоните без судир во Источна Гута на 28-29 декември.
Прекинот на огнот доаѓа откако повеќе од десетина луѓе беа убиени вчера, во воздушни и артилериски напади на режимот, јавува дописникот на АА од Дамаск .
Во овој круг на мировните преговори за Сирија учествува делегацијата на обединетата опозиција, а утре се очекува режимот на Асад да се приклучи на преговорите.
Сириската опозиција исто така повика на директни преговори во Женева со претставниците на владата на Асад.