Ekipa
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ИДЛИБ (АА) - Лидерот на сириската опозициска група на Исламското движење Ахрар ал-Шам, Ебу Амар, изјави дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници сакаат да го зајакнат влијанието на ПКК и да ја заземат границата помеѓу Турција и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој не може да го негира придонесот на сириската револуција од страна на братската земја, Турција. Тоа може само оној кој е неблагодарен”, изјави Ебу Амар во Идлиб, и додаде дека Турција продолжила да биде со револуцијата кога таа (револуцијата) била препуштена сама на себе.
Тој потсети и на бомбашките напади и на обидот за државен удар во Турција, како и на многу притисоци врз таа земја.
„Овие обиди, со Божја помош завршија со неуспех. И меѓународните политички притисоци врз Турција се победени”, изјави Ебу Амар, кој додаде дека сирискиот народ ѝ е благодарен на Турција.
Тој изјави дека постојат посебни врски со Турција и изрази надеж во успехот на претседателскиот систем во Турција, кој претставува пресвртна точка во историјата на таа земја.
„Се надеваме дека овој развој ќе ѝ помогне на Турција кога станува збор за поддршката на Сириската револуција и угнетениот народ во тој регион”, изјави Ебу Амар.
Тој се осврна и на точката до која се дошло кога станува збор за судирите во Сирија, и додаде дека Сириската револуција станала повеќе од револуција на народот.
Тој предупреди дека мирното набљудување на меѓународната заедница пред руските и иранските напори за експанзија, би можело судирите во Сирија да ги прелее и надвор од границите на земјата.
Тој додаде дека пред политичкото решение во Сирија, кое се настојува да се изгради преку процесите во Женева, Ријад и Астана, се наоѓаат многу препреки и укажа на правото на вето на Русија во ОН.
Освен тоа, тој укажа и на странските терористички групи кои ги поддржува Иран, и обидот за окупација.
„Тоа што режимот со користење на гасот сарин изведе хемиски масакр во Кан Шајхун докажува дека режимот верува во поддршката на Русија. На тој начин, режимот не придава важност на одлуките на меѓународната заедница и ослонувајќи се на правото на Русија на вето, дејствува во склад со своите интереси”, смета Ебу Амар.
Запрашан во кои услови ќе се заврши војната во Сирија, која е повеќе од политичка и од воена криза, Ебу Амар истакна дека војната ќе продолжи сѐ додека не бидат соборени сите институции и организации на режимот на Асад.
„Доколку не биде реализирана оваа цел (рушење на режимот на Асад), нема стабилност во Сирија и во регионот. Бидејќи, режимот и неговите поддржувачи, и оние кои го поддржуваат теророт директно се директно или индиректно извозници на тероризмот во светот”, порача Ебу Амар.
Лидерот на Ахрае ал-Шам укажа на военото слабеење на режимот на Асад и додаде дека режимот почнал да верува во ирачките шиити, авганистанските шиитски милитанти, Хезболах и иранската единица „Чувари на револуцијата“.
Тој се осврна и на можноста за операција во Идлиб и рече дека доколку дојде до тоа, нема да биде прва операција на режимот и шиитската милиција, и дека минатата година дошло до сличен воен обид.
Тој потсети дека претходните обиди на режимот, Иран и на Русија биле неуспешни, и укажа на можноста дека претставува новитет тоа што режимот и Русите покрај иранската шиитска милиција би можеле да ги користат и милитантите на ПКК.
„Режимот на Асад, Русија и другите сојузници, со зголемување на влијанието на милитантите на ПКК, настојуваат да ја заземат границата помеѓу нас и братската соседна Турција која стои покрај нашата револуција и народ. Поради тоа сакаат да ѝ наштетат на Сириската револуција и да ја загрозат безбедноста на Турција”, предупреди Ебу Амар кој додаде дека ќе настојува да ги спречат во тоа.