Muhammed Bilal Kenasari
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференцијата одржана во Белата куќа, одговараше на прашањата на новинарите, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето во врска со повлекувањето на американските вооружени сили од Сирија, претседателот Трамп одговори „Заедно со единиците на НАТО и на кој било друг, и ние ќе оставиме една мала (воена) единица, и на тој начин (ДЕАШ) нема да може да започне повторно. Позитивно гледам на оваа идеја. Според нашите сили што во моментов се наоѓаат таму, оваа единица ќе биде многу мала. Голем број луѓе ја прифаќаат оваа идеја.“
- „Нашите војници ќе одат во различни делови од светот“
Истакнувајќи дека на оваа тема е отворен за предлози, Трамп изјави „2.500 наши војници што се наоѓаат таму, ќе одат во различни делови од светот. Можеби ќе преминат во Ирак, таму имаме моќно сојузништво.“
Освен тоа, Трамп рече дека за многу кусо време ќе даде изјава дека ДЕАШ во потполност е отстранета оттаму.