„ЕУ остро ќе одговори на американските царини“, изјави Фон дер Лајен
Фон дер Лајен говореше на прес-конференцијата во рамките на посетата на членовите на Комисијата на Полска по повод преземањето на претседавањето со ЕУ

БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Комисијата на Европската Унија (ЕУ), Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе реагираат жестоко доколку САД воведат неправедни или произволни царини за ЕУ, известува Анадолу.
Фон дер Лајен говореше на прес-конференцијата во рамките на посетата на членовите на Комисијата на Полска по повод преземањето на претседавањето со ЕУ.
Во врска со подготовките на американската администрација да воведе нови царини за ЕУ, Фон дер Лајен го рече следното: „Имаме широки и распространети односи со САД. Нашиот вкупен трговски обем е околу 1,5 трилиони евра“.
Фон дер Лејен истакна дека трговијата е многу корисна за луѓето и бизнисите од двете страни на Атлантикот и додаде дека економиите на ЕУ и САД се испреплетени.
„Предизвикувајќи непотребни економски нарушувања со зголемување на деловните трошоци, тарифите им нанесуваат штета на работниците и на потрошувачите“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека на бизнисите им е потребна поблиска соработка.
Претседателката на Комисијата на ЕУ нагласи дека воведувањето царинските давачки ќе наметне сериозни трошоци за двете страни.
Потенцирајќи дека е важно страните да ги стават прашањата на нивната агенда на маса со цел да се изнајде заедничко решение, Фон дер Лајен го рече следното:
„ЕУ секако дека е подготвена. Доколку биде неправедно или произволно насочена, ЕУ ќе одговори остро“.
„Ние сме секогаш отворени за водење бизнис. Мислиме дека треба да ја зголемиме соработката меѓу ЕУ и САД, но исто така, многу сме одлучни за нашите принципи“, рече Фон дер Лајен.
Доналд Трамп, кој во својата предизборна изјава рече дека ќе воведе царини за производите увезени од Канада, Мексико и Кина веднаш штом ќе ја преземе функцијата, со извршните наредби што ги потпиша воведе дополнителна царина од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико и 10 отсто за увоз од Кина. Но, Трамп ги одложи царините за Канада и Мексико за еден месец во замена за преземање на обврските од двете земји за безбедноста на границите и борбата против криминалот.
Американскиот претседател Трамп изјави: „ЕУ ја премина границата бидејќи нè искористија и имаме дефицит од над 300 милијарди долари“, по што додаде дека ќе бидат воведени нови царини и за ЕУ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.