Safiye Karabacak
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
ГАЗА (АА) – Хусам Бедран, еден од водачите на Хамас, истакна дека окупираниот Западен Брег е блиску до директна конфронтација со Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Западниот Брег, од ден на ден e сè поблиску до директен и сеопфатен конфликт со Израел“, истакна Бедран, на својот твитер-профил.
Бедран, осврнувајќи се на убиените Палестинци во градовите Хеброн и Селфит, на ескалацијата на тензиите во Месџид-и Акса и израелските затвори, на немањето политички хоризонт и падот на економијата, рече дека сето тоа ја зголемува нивната мотивација за отпор.
„Ако Израел мисли дека нашиот народ ќе се откаже од отпорот поради внатрешната состојба на Палестина или меѓународна комплексност, нека знае дека ние сме народ кој не се предава“, истакна Бедран.
Израелските војници вчера убија двајца Палестинци во градовите Хеброн и Селфит, кои се наоѓаат на Западниот Брег.
Израелската полиција вчера ги затвори портите на Месџид-и Акса во Ерусалим (Кудс), а исто така со звучни бомби интервенираше врз Палестинците коишто пред влезот Ел Есбат ја обавуваа вечерната молитва.